Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството истражува говор на омраза во Куманово за репрезентативниот натпревар Македонија-Романија

/

пред 425 дена

Сподели преку :

По кошаркарскиот натпревар Македонија-Романија во салата во Куманово, обвинителството отвори истрага за говор на омраза поради навредливи и националистички скандирања на дел од навивачите.

-Основното јавно обвинителство Куманово постапува и до СВР Куманово издаде повеќе наредби и насоки за испитување елементи на кривично дело при скандирањата кои содржеа говор на омраза од засега непознати лица на вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија.

Издадена е наредба и за обезбедување на снимките од видео надзор со цел идентификација на евентуални сторители, соопшти обвинителството.

На натпреварот кој Македонија го загуби присуствуваа владини претставници, а беа присутни премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и домаќинот, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Пред натпреварот свечено беше пуштена во употреба реновираната спортска сала во Куманово.

По мечот, имаше многу реакции и критики за навредливото и скандалозно скандирање и изостанок на реакција од надлежните за време на натпреварот. По реакциите, обвинителството отвори постапка.

(Фото- Игор Пановски)

https://telma.idesign.mk/2025/08/04/niza-politichki-reakczii-poradi-skandiranata-na-natprevarot-makedonija-romanija-koj-se-oddrzha-vo-kumanovo/