Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ПЕНЕЛОПЕ КРУЗ – ОТЕЛОТВОРУВАЊЕ НА СТРАСТА – понеделник, 04 август 2025 – 19:15

/

пред 426 дена

Сподели преку :

Пенелопе Круз има приказна исполнета со страсти – оние што ги разбудува кај другите, и оние што самата ги носи во себе. Дивата шпанска убавица се издигна до ранг на холивудска ѕвезда од хиспанско потекло, задржувајќи ги своите корени, пријателствата и љубовта кон актерството. Со негување на својот талент, успеала да го пронајде патот до Оскарите. Филмот ја следи нејзината извонредна еволуција како актерка – од невиност и секс-симбол, до нејзините најголеми достигнувања и слободата што денес ја живее, комбинирајќи улоги во големи холивудски продукции со поинтимни авторски филмови.

Во ова патување нè придружуваат Катрина Бајонас, нејзина агентка уште од нејзиниот деби на 14 години; Ен Дејвис, авторка на монографија посветена на Круз; како и авторот на Историја на хиспанската кинематографија. Филмот открива и кои се луѓето што го разгореле нејзиниот талент – најпрво режисерот Бигас Луна, потоа славните модни дизајнери кои ја прогласиле за икона, па Педро Алмодовар, и секако Хавиер Бардем – нејзин партнер во филмот Jamon Jamon, но и во животот, како нејзин сопруг.