Приведено е 52-годишно лице Б.М. во Куманово, откако бил затекнат како управува возило со 1.80 промили алкохол во крвта на булеварот „Октомвриска револуција“.
„При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „поло“, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.80 промили алкохол во крвта“ стои во соопштението од МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.











