Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дехари по нов мандат во Кичево – ДУИ објави имиња на кандидати за неколку општини на локалните избори

/

пред 439 дена

Сподели преку :

Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево, по седницата на Централното претседателство, објави имиња на кандидати за неколку општини со кои ќе учествува на локалните избори во октомври.

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми на прес-конференција соопшти дека партијата ќе го кандидира Фатмир Дехари за уште еден градоначалнички мандат во Кичево. За уште еден мандат довербата од граѓаните на Општина Липково ќе ја бара и Еркан Арифи. Кандидат за градоначалник на Општина Чашка е Суат Шаќири, за Општина Студеничани е Ејуп Абази.

Централното претседателство на ДУИ одлучило да ја поддржи независната кандидатура на Енвер Пајазити за градоначалник на Општина Брвеница.

Адеми информира дека Централното претседателство на партијата донело одлука за имињата на носителите на советничките листи на неколку општини. Во Општина Дебар, носител на листата на советниците ќе биде Артин Спахиу, актуелен претседател на огранокот на ДУИ во Дебар. Во Општина Сарај, носител на листата ќе биде Илjаз Весели, актуелен в.д. градоначалник на Општина Сарај. Во Општина Врапчиште носител на советничката листа ќе биде Евзал Арслани.

Адеми најави дека на следните седници на Централното претседателство на партијата ќе одлучат за кандидатите за градоначалник на Градот Скопје, на Општина Боговиње, на Општина Долнени, на Општина Пласница и носителите на советничките листи за општините Теарце и Арачиново.

Претходно, ДУИ ги објави имињата на кандидатите градоначалници во Општина Чаир да биде Бујар Османи, во Општина Тетово кандидат да биде Бајрам Реџепи, во Општина Желиво – Емир Сулејмани.