Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕРТ: Околу 25.000 лица за влез во Грција дневно го поминуваат граничниот премин Евзони

/

пред 438 дена

Сподели преку :

Дневно поминуваат околу 25.000 луѓе и излегуваат околу 15.000, вели за грчката државна телевизија ЕРТ претседателот на полициските службеници од Кукуш (Килкис) Плутархос Елефтериадис за граничниот премин Евзони/Богородица, каде што во одредени денови за влез во Грција се создаваат редици автомобили со туристи, како од нашата земја, така и од државите од регионот.

ЕРТ, во прилогот од граничниот премин коментира дека секојдневно има гужви на Евзони со туристи од Балканот кои ја посетуваат северна Грција, додека пак претседателот на полициските службеници објаснува дека се обидуваат да одговорат на зголемениот проток на возила и посочува дека само во текот на изминатиот викенд околу 50.000 туристи влегле кај јужниот сосед преку конкретниот граничен премин.

Додаде дека оваа година има дополнителен број полициски службеници и се отворени девет шалтери за влез во Грција и шест на излез.

– Позитивно е што оваа година имавме мало зајакнување и ова многу помогна и за да биде одморен полицискиот персонал што работи секојдневно, посочи Елефтериадис.

Според ЕРТ, за време на летната сезона на граничниот премин Евзони ангажирани се полицајци од северна Грција и нивниот број достигнува до 65, а во секоја смена од грчка страна работат 12 до 18 полициски службеници поради зголемениот број туристи.

Од АМСМ пак утрово информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, нa ГП Богородица и ГП Табановце времето на чекање е околу 10-тина минути, на останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.