Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МОН ќе прави анализа дали е потребна настава во домашни услови за ученици повредени во пожарот во Кочани

/

пред 438 дена

Сподели преку :

МОН ќе направи анализа дали е потребно и колку ученици би учеле во домашни услови од повредените во пожарот во Кочани од почетокот на учебната година.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска, најавувајќи воведување формално основно образование за деца со канцер кои се на долготрајно лекување во болнички услови, рече дека од септември ќе се потрудат ваков вид настава да има и за ученици кои се рехабилитираат по повредите во пожарот во „Пулс“.

– Сега е лето, ќе направиме анализа, доколку има потреба дефинитивно ќе бидат вклучени, иако не сум сигурна дека се многу. Оние што завршуваа четврта година, дел веќе полагаа матура, мислам дека едно до две деца се оставени сега да полагаат матура, изјави министерката Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Клиниката за детски болести.