Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Тетово приведен возач од Швајцарија – возел речиси двојно побрзо од дозволеното

/

пред 443 дена

Сподели преку :

Полициски службеници од тетовската сообраќајна полиција вчера напладне привеле 37-годишен државјанин на Швајцарија, поради опасно пречекорување на дозволената брзина надвор од населено место.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при сообраќајна контрола со радар, било утврдено дека возачот управувал возило „мерцедес“ со швајцарски регистарски таблички со брзина од 155 км/ч, на пат каде што се дозволени максимални 80 км/ч.

Возачот е приведен и задржан во полициска станица, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.