Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе се зголеми прагот за домашни соларни електрани

/

пред 428 дена

Сподели преку :

Министерството за енергетика предложи измени на Законот за енергетска ефикасност со кои се предвидува зголемување на прагот за домашни фотоволтаични електрани на 10 kW, додека кај фирмите лимитот се зголемува на 70 kW.

Дополнително, се предлага и законски рок од еден месец за издавање дозволи за соларни инсталации до 100 kW, со цел поедноставување на постапката за граѓаните и бизнисите.

Од Министерството за енергетика велат дека новитет е и обврската на операторот на електродистрибутивниот систем да даде одговор за приклучување во рок од 15 дена, а приклучокот да го изврши најдоцна за еден месец.

Доколку не се произнесе во рокот, се смета дека согласноста е дадена.

Овие измени го олеснуваат приклучувањето на потрошувачи-производители на мрежата и овозможуваат побрз развој на обновливите извори.

Паралелно, се подготвува и долгорочна стратегија за задолжително поставување соларни колектори при изградба или реконструкција на јавни и станбени објекти, како и финансиски механизми за поддршка на инвестиции во обновливи извори.

Мерките имаат за цел да ја зголемат енергетската ефикасност и да ги намалат емисиите на штетните гасови.