Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Го убил, нафрлал земја врз телото и го покрил со шперплоча – братоубиство во Кавадарци

/

пред 438 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека е сторител на кривично дело убиство од член 123, став 1 од Кривичниот законик, соопшти попладнево Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

„Осомничениот 43-годишник, на 27 јули во вечерните часови, го лишил од живот својот една година помлад брат, удирајќи го неколкупати со метален предмет по главата. Делото го извршил по вербална расправија во дневната соба во домот на оштетениот. Потоа, во период од неколку дена презел повеќе дејствија за да го прикрие делото и да уништи трагите – ја избришал крвта од подот и предметите, а телото го пренел во помошна просторија во дворот на куќата, каде го закопал и го покрил со шперплоча и други предмети“, појаснија од Јавното обвинителство.

Поради опасноста да се даде во бегство, но и да преземе и дополнителни дејствија за уништување на трагите, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци доставил предлог за определување мерка – притвор за осомничениот.