Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Осум загинати, меѓу нив и двајца министри – се урна воен хеликоптер во Гана

/

пред 437 дена

Сподели преку :

Осум лица загинаа, меѓу кои и министрите за одбрана и за животна средина на Гана, во пад на воен хеликоптер, соопштија официјални претставници во Акра.

Во хеликоптерот на военото воздухопловство на Гана, исто така, имало и неколку други политичари, според началникот на Генералштабот, Јулиус Дебрах. Повеќе детали за уривањето на хеликоптерот во западната провинција Ашанти засега се недостапни.

Хеликоптерот со три члена на екипажот и пет патници одеднаш исчезна од радарот, соопшти военото воздухопловство на Гана.