Тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно го симна на земја странскиот параглајдерист кој попладнево летајќи кај Крушево удрил во дрво високо над 30 метри и останал да виси, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Параглајдеристот, за среќа, минал без сериозни повреди во инцидентот.
Попладнево ДЗС доби информација од полициската станица во Крушево за незгодата на странскиот параглајдерист. Локалните сили се обидоа да му помогнат, но не успеаја во намерата, па беше активиран специјализиран тим за спасување во планина на ДЗС.











