Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вработените во јавните установи за социјална заштита ќе добијат 20-проценти зголемување на платите – потпишан нов колективен договор

/

пред 437 дена

Сподели преку :

Министерството за социјална политика, демографија и млади и синдикатите на УПОЗ и СОНК потпишаа нов колективен договор со кој ќе се овозможи зголемување на платите на вработените во јавните установи за социјална заштита за 20 проценти, информира министерот Фатмир Лимани.

Тој на својата фејсбук страница пишува дека денеска со Синдикатот на УПОЗ и СОНК, го потпишале новиот Колективен договор кој, како што нагласува,  им носи заслужено зголемување на платите на сите вработени – вклучувајќи ги и директорите – во системот на социјална заштита.

„Овој договор значи подобрување на работните услови, зголемена правна сигурност, продлабочување на социјалниот дијалог“, пишува Лимани на ФБ.

Ова, нагласува, е признание за трудот, посветеноста и хуманата мисија на сите вработени во системот на социјална заштита. Со мотивирани и вредни работници, потенцира министерот Лимани, нудиме квалитетни и достапни услуги за сите граѓани.