Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Груевска -Маџоска: Законот за употребa на македонскиот јазик треба да се применува без оглед што Инспекторатот се уште не почнал да работи

/

пред 441 дена

Сподели преку :

Законот за употребa на македонскиот јазик се уште заглавен низ лавиринти на бирократските процеси  без конкретна примена и покрај тоа што беше донесен пред година и седум месеци.

Советот за македонски јазик веќе работи на иницијативата со изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик која што е предвидена во тој нов закон, што значи дека делумно се применува законот, сепак не би можела да кажам зошто со некои делови од Законот се уште се чека и зошто истиот се уште не се применува, вели професор Груевска -Маџоска.

Во меѓувреме имаше усогласување на законите и формирање на Инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик.

Се формира нов правен субјект Инспекторат, инспектори кои треба да поминат обука, која колку што јас знам е една година. Значи тоа е процес кој што трае, ќе трае и не може толку брзо да почне со функционирање. Но, мене ми се поставува прашањето зошто се чека започнувањето со работа на Инспекторатот кога законот е веќе една и пол година донесен и тој треба да се применува без оглед што инспекторатот се уште не почнал да работи, вели проф. д-р Симона Груевска -Маџоска, претстедател на Совет за македонски јазик.

Дали законите се носат за да не се спроведуваат и дали се потребни казнени мерки и инспектори кои ќе проверуваат на терен на кое ниво ни е свеста за македонскиот јазик, за да можеме да кажеме дека го почитуваме законот.

Тоа е прашање кое треба да се упати до Владата, до министерствата и до сите институции кои што го имаат законот, а не го спроведуваат, значи не вработуваат лектори. Во Советот се обраќаат луѓе, лектори со положен лекторски испит и сакаат да бидат вработени. Ние немаме како да им дадеме информација зошто не се применува законот.Сите тие се понадевааа дека конечно ќе најдат работа и ќе си го решат тоа прашање, меѓутоа се уште не се вработуваат лекторите, а зошто е така јас не можам да ви го кажам тој одговор, додава Груевска – Маџоска.

Во меѓувреме дел од институциите може да потврдат дека имаат лектори, меѓу нив се Владата, Министерството за култура и Собранието.

Во Законот за употреба на македонскиот јазик е предвидено стипендирање на студенти по македонистика во сите три циклуси, вработувања и ангажирања на лектори, во сите државни,  јавни установи и институции, во сите министерствата, во медиумите, па сè до локалната власт, во универзитетите и научните институции, во основните и средните училишта.

Новинар: Нина Стефанова

Снимател: Игор Јанковски