Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не сме шпиони туку надзор согласно Колективен договор- синдикалката ја оставиле пред врата со клучалка наместо да присуствува на интервју за вработувања во контролата на летање и М-НАВ

/

пред 441 дена

Сподели преку :

Директорите на Македонска навигација (М-НАВ) не ја пуштиле контролорката на летање, делегирана од Синдикатот на контролори на летање, да присуствува нa интервјуата со кандидатите на повторениот оглас за вработувања на места за почетни плати од над 1.000 евра.

Ѝ кажале дека ако сака, може да гледа и да потврдува дека кандидатите влегле на интервју, а директорите преку тоа добиле можност за ексклузивно бирање на нови вработени.

-Не сме шпиони за да ѕиркаме низ клучалка, туку да потврдиме дека најдобрите кандидати се избрани. Тоа е согласно Колективниот договор, вели во телефонски разговор за ТЕЛМА, Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на Контролата на летање.

Тој рече дека на изборот и интервјуата наместо сите три директори биле присутни само двајца од нив. Огласот е за три работни места и е дел од претходниот контроверзен оглас кога беа вработени маж на директорката од Централен регистар, функционер во Унијата на млади сили на ВМРО)-ДПМНЕ и сопругата на Игор Југ, починатиот осуденик за 27-ми април.