Кривичниот суд во Скопје му одреди 30-дневен притвор на 36-годишниот Димитар Спасов, осомничен за бруталното убиство во Психијатриската болница „Скопје“ – Бардовци.
Спасов со стаклено шише го усмртил својот цимер И.Т., по расправија околу легло.
Тој е префрлен во притворското одделение на затворот во Шутка, во изолирано одделение, одделен од другите притвореници.
Обвинителството го гони Спасов за кривично дело убиство. Телото на жртвата е предадено на обдукција.
Спасов и претходно беше познат на јавноста – во 2012 година беше прогласен за непресметлив по убиството на својата мајка.











