Сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Скопје – Тетово.
Во близина на Желино, комбе се превртело на левата коловозна лента, по што сообраќајот на оваа делница е отежнат. Екипи на МВР се на лице место и го регулираат сообраќајот, а на возачите им се препорачува внимателно возење. За сега нема информации за причините за несреќата и дали има повредени лица, поради несреќата се создаваат километарски колони имајќи предвид дека во овој период од денот овој автопат е многу користен.
фото24инфо.мк











