Втор ден трае потрагата по телото на 52-годишен бугарски државјанин, кој исчезна вчера попладне при нуркање во Охридското Езеро на длабочина пд 89 метри. СВР Охрид негира дека телото е пронајдено во близина на селото Трпејца и ги демантира написите по тврдења на очевидци кои наводно виделе дека маж облеченово нуркачка опрема е извлечен од голема длабочина. (Содржината е исправена о дополнета на 10.08.2025. во 17:19 часот)
Несреќата се случила околу 13:15 часот, кога нуркачот исчезнал на длабочина од 89 метри. Во потрагата се вклучени Езерската полиција, Црвениот крст и нуркачкиот клуб „Амфора“.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, го потврди настанот и изјави дека причините за инцидентот се испитуваат.
Бугарски нуркач исчезна во Охридското Езеро на длабочина од 89 метри











