Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од октомври нови правила за патување во ЕУ

/

пред 434 дена

Сподели преку :

Патниците од земји надвор од Европската Унија, меѓу кои и државјаните на Македонија, од 12 октомври 2025 година ќе се соочат со нови процедури при влез во Шенген зоната.

Европската комисија најави дека ќе започне со примена на Системот за влез/излез (EES), кој ќе го замени рачното печатење на пасоши со дигитална регистрација и прибирање биометриски податоци – отпечатоци од прсти и фотографија.

Овој систем е воведен како подготовка за стартот на ETIAS – Европскиот систем за патнички информации и одобрување, кој ќе се применува од крајот на 2026 година.

Според ETIAS, граѓаните од земји кои не им е потребна виза за ЕУ (вклучително и Македонија) ќе мора да поднесат онлајн апликација и да платат такса од 20 евра.

Одобрението ќе важи три години.

Апликантите за ETIAS ќе треба да имаат важечки биометриски пасош, платежна картичка и лични податоци.

Влез во ЕУ ќе биде одбиен на патници кои ќе одбијат да дадат биометриски податоци при контрола на граничните премини.

EES системот ќе се воведува постепено во 29 европски земји во рок од шест месеци.