Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Инспекциски надзор за случајот со починатата пациентка во Тетово

/

пред 438 дена

Сподели преку :

Министерството за здравство соопшти дека е покрената постапка за инспекциски надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, поради смртта на пациентка на Инфективното одделение во Клиничката болница во Тетово.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен утринава околу 03:20 часот од Ј.С. од село Копанце, кој навел дека неговата 30-годишна роднина С.С. била хоспитализирана во болницата во Тетово претходниот ден во 19:00 часот, но наводно не ѝ била укажана соодветна лекарска помош, по што починала.

Полициски службеници извршиле увид, а под раководство на јавен обвинител е формиран тим кој ќе го истражува случајот.

Се преземаат мерки за утврдување на сите околности поврзани со настанот.