Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Големи пожари во Долно Дупени и Јасен – ангажирани хеликоптери и ер трактори

/

пред 434 дена

Сподели преку :

Голем пожар избувна попладнево во преспанското село Долно Дупени, сместено во подножјето на Баба Планина.

Пожарникарите од ресенската противпожарна единица, заедно со локалното население, успеаја да ги спасат куќите и викендиците од пламените јазици.

Пожарот се движи кон непристапен терен. Во негово гаснење се вклучени два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување   и еден полициски хеликоптер.

Утрово повторно се активира пожарот во ловиштето Јасен, кој вчера беше ставен под контрола.

Екипите на Јавното претпријатие гаснеа од земја на места каде што тоа беше можно, нo поради непристапниот терен, во текот на денот таму дејствуваа два полициски хеликоптери и два ер трактори на ДЗС.

И покрај исклучително тешкиот терен, се прават напори и овој пожар да се стави под контрола.

Од ЦУК  соопштија дека во текот на денешниот ден активни биле 8 пожари, од кои 4 се изгаснати.