Новинарските екипи на ТВ Телма и „Сакам да кажам“ кои го следеа настанот во гимназијата во Демир Хисар беа легитимирани од полициски службеници, иако носеа легитимација на видливо место.
Им беа побарани и лична карта, а запишана беше и регистрацијата на возилото. На забелешката од новинарите дека ова е притисок врз нивната работа, полицијата кажа дека тие за нив се непознати лица.











