Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК: Три активни пожари на отворено од вкупно 33 во изминатите 24 часа

/

пред 436 дена

Сподели преку :

Центарот за управување со кризи соопшти дека од вкупно 33 пожари регистрирани во изминатото деноноќие, утрово до 8 часот активни се три пожари на отворен простор, од кои два се на територија на општина Македонски Брод, а еден во општина Сарај.

Другите пожари се изгаснати или ставени под контрола.

Во подрачјето на Јасен гори мешана шума, додека во близина на село Крапа се проширил пожар кој зафатил ниска вегетација и нискостеблеста шума.

Третиот активен пожар е во општина Сарај, меѓу селата Радуша и Дворце, каде гори сува трева и ниска вегетација.

ЦУК информира дека под контрола се ставени и два пожари – едниот во атарот на село Нерав, општина Крива Паланка, во местото викано „Биљино“, а другиот во општина Кичево, кај село Челопеци. Во двата случаи се зафатени шуми и ниска вегетација.