Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека максималните ќе достигнат и до 39 степени.
Во главниот град Скопје, минималната температура ќе падне до 19 степени, а максималната ќе се искачи до 38 степени, со слични временски услови – сончево и многу топло со умерен југоисточен ветер.
Според прогнозите на УХМР, ваквото топло и сончево време ќе се задржи и во наредните денови, со претежно умерена облачност и ветар од југоисточен правец.
Граѓаните се советуваат да ги следат упатствата за заштита од топлотен бран, особено во најтоплите делови од денот.











