Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина македонската оперска икона – примадоната Милка Ефтимова

/

пред 436 дена

Сподели преку :

Со длабока тага македонската културна јавност утрово ја прими веста за смртта на легендарната оперска пејачка Милка Ефтимова.

Таа почина во Скопје на 89-годишна возраст, оставајќи зад себе блескава кариера и наследство што ќе живее уште долго во историјата на македонската опера.

Ефтимова е родена на 26 февруари 1936 година во Радовиш. Кариерата ја започна во 1961 година со улогата на Ацучена во „Трубадур“ од Верди, а на сцената последен пат застана во 1991 со нејзината 157-ма претстава – „Кармен“.

Во текот на својата повеќедецениска кариера, отпеа повеќе од 40 оперски улоги и настапи над 1.200 пати во 20-тина земји ширум светот.

Последните години од животот Ефтимова ги помина во дом за стари лица во Скопје.

Во февруари годинава, нејзини блиски пријатели ѝ организираа скромна, но емотивна прослава за нејзиниот 89. роденден, на кој се пееја оперски арии и се славеше нејзиниот живот исполнет со музика.

Погребот ќе се одржи на 16 август во нејзиниот роден град Радовиш.