Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Достапни нови 11 милиони евра за бизнисот

/

пред 421 дена

Сподели преку :

Министерството за финансии денеска ја исплати петтата транша во висина од 700,9 милиони денари или 11,3 милиони евра кон Развојната банка, како дел од државната поддршка за домашните компании.

Средствата се трансферирани од Буџетот врз основа на доставено барање од Развојната банка и по одобрување на проекти од деловните банки.

Во Буџетот за 2025 година, за поддршка на домашната економија и приватниот сектор се предвидени вкупно 250 милиони евра.

Со денешната исплата, досега се реализирани пет транши со вкупна вредност од 171,1 милиони евра.

Средствата се обезбедени преку заем од унгарската Експорт-импорт банка и се пласираат со цел поттикнување на инвестиции во македонскиот приватен сектор.

Според податоците, досегашната искористеност на оваа кредитна линија изнесува 68%.