Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Два инцидента со параглајдеристи во Крушево – едниот повреден се транспортира кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

/

пред 431 дена

Сподели преку :

Денеска кај Мечкин Камен, Крушево, се случиле два одделни инцидента со параглајдеристи, информираат од Центарот за управување со кризи.

Во првиот случај, параглајдерист при индивидуален самостоен лет и при обид за приземјување се закачил на дрво високо околу пет метри и не можел безбедно да биде спуштен на земја.

ЦУК во координација со Дирекцијата за заштита и спасување упатил соодветен специјализиран тим на локацијата.

  • Во вториот случај, во истата област, друг параглајдерист при лет паднал и здобил тешки телесни повреди, со обилно крварење и состојба на бесознание, потврдено од страна на лекарската екипа која е веќе присутна. Поради сериозноста на повредите, побаран е итен медицински транспорт со воздухоплов до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување, информираат од ЦУК.

Центарот за управување со кризи, во координација со Министерството за внатрешни работи, побара хеликоптерот Бел 412, кој беше ангажиран на гаснење пожар во подрачјето Јасен, да биде веднаш преусмерен кон Мечкин Камен – Крушево.

Хеликоптерот е во движење кон локацијата и се преземаат сите неопходни мерки за брза и безбедна интервенција, информираат од ЦУК.