Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маж загина во Шпанија, дете почина од топлотен удар во Италија – пеколните горештини предизвикаа десетици пожари во Европа

/

пред 430 дена

Сподели преку :

Најмалку тројца луѓе ги загубија животите во пеколниот топлотен бран кој предизвика десетици пожари во повеќе европски држави, присилувајќи евакуација на илјадници луѓе. Аларм за опасни топлотни бранови се објавени за делови од Италија, од Франција, од Шпанија, од Португалија и повеќе балкански земји, заради температури над 40 степени целзиусови.

Во Шпанија денеска се очекува температура од 44 степени целзиусови во Севиља и Кордоба, додека 44 степени се предвидуваат и во јужна Португалија. Еден човек го загубил животот во близина на Мадрид, додека речиси 4.000 луѓе се евакуирани поради повеќе од 30 пожари во северозападниот дел од земјата.

Уште 2.000 луѓе се евакуирани од хотелите и домовите во јужна Андалузија. Три големи пожари се шират и во Португалија против кои се борат 1.300 пожарникари и 14 авиони. Едно дете почина од топлотен удар во Италија, каде аларми за топлотен бран се објавени за 10 поголеми градови, вклучувајќи ги Рим, Милано и Фиренца.

Исклучително тешка е состојбата во Грција, каде се шират повеќе од 150 пожари против кои се борат, речиси, 5.000 пожарникари и десетици летала. Масовна евакуација се спроведува и на популарната туристичка дестинација Закинтос.

Во Црна Гора, еден војник го загуби животот, а уште еден е повреден, откако танкерот со вода кој го возеле се превртел во близина на Подгорица.