Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Независни за Карпош“ со граѓанска листа за претстојните избори, се повлекуваат од формирање на партија со други независни иницијативи

/

пред 435 дена

Сподели преку :

„Независни за Карпош“ одлучија на претстојните локални избори да излезат со граѓанска листа.

„Остануваме на принципот дека самостојното делување ни овозможува да се прилагодуваме на секојдневните барања и приоритети на граѓаните во нашата општина. Таа флексибилност, која ја сметаме за клучна за нашата ефикасност, е многу потешко остварлива во рамки на поголема група или партија, каде процесот на одлучување е подолг и често ќе бара компромиси на сметка на локалните потреби. Приклучување кон партија отсекогаш била последната опција за учество на избори, и сè додека постојат други можности со кои ќе ја задржиме нашата независност и принципите на граѓанското работење – ќе ги искористиме тие опции“, се наведува во објавата на „Независни за Карпош“ на Фејсбук.

„Независни за Карпош“ се повлекуваат од заедничко формирање политичка партија со другите независни иницијативи.

„Конфузијата и неизвесноста за независните иницијативи создадени од партиите нема да нè одвратат од нашата визија и посветеност да понудиме решенија за квалитетен живот на граѓаните на Општина Карпош. На независните иницијативи што продолжуваат со процесот на заедничко формирање политичка партија „Независни“ заедно и на сите новоформирани партии и независни листи им посакуваме искрен успех и остануваме отворени за соработка со нив и со сите останати граѓански иницијативи и чинители со кои делиме теми од интерес и каузи“, велат од „Независни за Карпош“.