Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонец и двајца Срби убиени во Боливија

/

пред 430 дена

Сподели преку :

Тела на еден Македонец и двајца Срби, убиени во Јужна Америка, како што пренесуваат медиумите, се пронајдени во црни пластични ќеси. Според неофицијалните информации, тие биле мачени, а потоа и ликвидирани во Боливија, пренесува белградска „Политика“.

Телата се пратени на обдукција која треба ги утврди точните причини за смртта. Жртвите сè уште не се официјално идентификувани. Врз основа на првичните траги, постои сомнеж дека најпрво биле брутално мачени, потоа убиени и спакувани во црни пластични ќеси, наведуваат извори од истрагата.

Убиениот македонски државјанин, како што пишуваат медиумите, е Дејанчо Л. Едниот од двајцата српски државјани, како што пренесува „Политика“, е Миљан Ќ, викан Итри, од Ниш, предводник на меѓународна организирана криминална група која се занимавала со дистрибуција на големи количини на кокаин од Јужна Америка на теротории на одредени земји во Западна Европа. Како што пишуваат медиумите, тој бил ликвидиран пред два дена, најверојатно на територијата на Болиција.

И вториот убиен маж од Србија е по потекло од Ниш и на територијата на Јужна Америка се движел со лажбни идентификациски податоци.