Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Место со потписи од 1 процент, независните треба да соберат потписи од 0,95 проценти од вкупнозапишаните гласачи во изборна единица 

/

пред 422 дена

Сподели преку :

Итна седница  закажа за утре претседателот на Собранието Африм Гаши за Измени на Изборниот законик, со кои координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски предлага независните кандидати место со потписи од 1 процент од вкупниот број запишани избирачи во една Изборна единица,  да можат за избори да се кандидираат со 0,95 % од вкупнозапишаните во една Изборна единица.

„Кога подносител на листа на кандидати за членови на Совет, односно листа на кандидат за градоначалник е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 0,95 отсто потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список за општината, односно Градот Скопје“,

се наведува во членот 60б во предлог-законот што од доцна попладнево може да се најде на веб-страницата на Собранието.

 

Претходно, прагот на потребните потписи за учество на изборите беше 1.000 потписи од запишаните избирачи.