Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Инженери на Република Македонија“ поднесоа иницијатива до Уставниот суд против паушалните фактури за струја

/

пред 415 дена

Сподели преку :

Здружението „Инженери на Република Македонија“ поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување на членот 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија и за преиспитување на делови од член 185 од новиот Закон за енергетика.

Причината за оваа иницијатива е продолжувањето на праксата за издавање „паушални фактури за струја“, иако од 29 мај 2025 година, Законот за енергетика наложува фактурите да се засноваат исклучиво на реално измерена потрошувачка преку отчитување на броилото.

Но, и покрај ваквите законски одредби, според подносителите на иницијативата, ЕВН во своите фактури користи и процена на потрошувачката. „Во фактурите постои графа „начин на кој е прочитано броилото, што значи дека на потрошувачите им се фактурира струја врз основа на проценки наместо на фактичка потрошувачка“, велат инженерите.

Според здружението, ова е спротивно на законот, создава правна несигурност и е ризик граѓаните неправедно да бидат исклучени од мрежата како должници. Во Македонија има вкупно 820 илјади броила. Според законот, ЕВН Хоум е должно квартално (на секои 3 месеци) да ги отчитува броилата за да се осигура дека податоците се точни.