Радивое Јововиќ, опозициски политичар во Србија и еден од учесниците во протестите кои последните денови блокираат сообраќајници и институции, е уапсен утрово во Нови Сад, пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на извори од истрагата.
На Јововиќ, по налог на обвинителството, му е одредено задржување, а против него, како што е најавено, ќе биде почната постапка за повеќе кривични дела, поврзани за насилничко однесување, загрозување на безбедноста и поттикнување на омраза.











