Од шесте пожари кои беа активни во изминатото деноноќие, сега горатсамо два. Нов пожар вчера се појавил во село Беловодица, прилепско, на тешко пристапен терен, каде е испратен еден „Ер трактор“.
Како што информира Стојанче Ангелов, најтежок е пожарот во Националниот парк „Јасен“, каде гори со денови, но по интервенциите на противпожарните служби, ширењето на огнот долж два крака е запрено.











