Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Москва сака Украина да стане неутрална, со драстично намалена армија и без членство во НАТО- изјавите на Лавров ги поткопаа надежите за средба Путин и Зеленски

/

пред 422 дена

Сподели преку :

Москва не се откажува од своите барања за она што го смета за прифатливи безбедносни гаранции за Украина, потврди рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Неговите изјави ги поткопаа надежите за напредок кон завршување на војната што се појави по средбата на рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп минатиот петок во Алјаска, пишува Политико.

Коментарите на Лавров потврдија дека Кремљ не ги омекнал своите максималистички ставови: Москва сака Украина да стане неутрална, ослабена држава, со драстично намалена армија и без аспирации за членство во НАТО.

  • Москва нема да се согласи на колективни безбедносни гаранции договорени без Русија… Ќе ги прифатиме само ако се засноваат на рамноправност и со учество на земји како Кина, САД, Велика Британија и Франција – рече Лавров по средбата со министерот за надворешни работи на Јордан.

Сепак, идејата дека Москва и Пекинг имаат улога во механизмот за заштита на Украина е целосно неприфатлива за западните сојузници, кои сè уште бараат модел на заштита на Киев во случај на прекин на огнот или мировен договор.