Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со пет гласа „за“ и еден „против“, ДИК го усвои Упатството за бројот на советници во општините и во Градот Скопје

/

пред 426 дена

Сподели преку :

Државната изборна комисија пред неколку дена го одложи, а денеска со пет гласа „за“ и еден „против“ го усвои Упатството за бројот на советници во советите на општините и во Градот Скопје (Упатството за пополнување образец за листи на кандидати за членови на советите на општините и на Советот на Град Скопје).

Не помина барањето на членката на ДИК, Дитмире Шеху, со консензус да се одлучува дали за локалните избори како жители ќе се бројат и иселениците.

Шеху која во комисијата дојде како предлог на ДУИ, на минатата седница побара да се одреди поинаков број на советници во 14 општини.

Претходно, пак, Владата согласно Законот за локална самоуправа, донесе одлука за намалување на бројот на советници во тие општини, со оглед на тоа што Пописот во 2021 година покажа дека има намалување на бројот на жители.

„Зборувавте за Пописот, зборувавте за содржината на одлуката на Владата, што не е предмет и не е наша надлежност за оценка на истата. Не можеме ние да навлегуваме во Законот за Попис, во дефиниција на термините „жител“, „резидент“, итн. Така што, за сето тоа немаме никакво право да го толкуваме како Државна изборна комисија“, вели Борис Кондарко, претседател на ДИК. 

Предлогот на Шеху беше отфрлен уште на минатата седница, но таа потоа се повика на член од Изборниот законик кој предвидува одлуките кои се однесуваат на интересите на немнозинска заедница да се носат со консензус. На денешната седница беше кажано дека од правната служба на ДИК било добиено писмено известување, со мислење по барање на Дитмире Шеху.

„Бидејќи отидовме со член 34-г оваа точка, ова нема консензус“, вели Дитмире Шеху, членка на ДИК. 

„Она на коешто се повикувате процедурално беше иницијално на првата седница кога побаравте да се гласа со консензус. Бидејќи немаше консензус, ја спроведовме оваа дополнителна постапка и го добивме мислењето. После тоа веќе немаме законски услови да бараме гласање со консензус туку со мнозинство гласови“, вели Борис Кондарко, претседател на ДИК. 

Членката на ДИК, Дитмире Шеху, по ова најави тужба пред Управен суд.

Инаку, Демократската унија за интеграција исто како и Шеху смета дека ваквата одлука на Владата е на штета на Албанците и бара како жители да се бројат и иселениците, односно нерезидентното население.

Сепак, намалување на бројот на советници има и во општини со мнозинско македонско население. Намалување има во 14 општини, меѓу кои: Гостивар, Кичево, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Пехчево, Струга, Врапчиште, Дебарца, Желино, Јегуновце, Ново Село, Теарце и Центар Жупа.

А, согласно резултатите од Пописот од пред четири години, Владата лани во септември донесе одлука и за зголемување на бројот на општински советници во три општини, како што се Кисела Вода, Карпош и Студеничани.

Петар Догов