Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Градот Газа ќе биде срамнет со земја, ако Хамас не се согласи на крај на војната по наши услови, порача израелскиот министер за одрбана

/

пред 413 дена

Сподели преку :

Израелски тенкови и авиони ноќеска извршија напади врз источниот и северниот дел на градот Газа. Израелските лидери изјавија дека продолжуваат со планираната офанзива врз градот. Израелската армија потврди дека нејзините единици се вратиле во борбите во областа Џабалија за да ги уништат тунелите на Хамас и да ја зајакнат контролата во областа.

Операцијата, според армијата, „овозможува проширување на борбената зона во дополнителни области и ги спречува терористите на Хамас да се вратат да дејствуваат во областа.

Израел овој месец одобри план за преземање на контрола врз она што го нарекува „последно упориште“ на Хамас во градот Газа. Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека градот ќе биде срамнет со земја, доколку Хамас не се согласи да ја заврши војната според условите на Израел и да ги ослободи сите заложници што ги држи во заложништво 688 дена.