Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жена нападната со пластична гајба полна со стаклени шишиња – насилство во Автокоманда

/

пред 419 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „Тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, делото било сторено на 23 август, кога осомничениот поради претходни лични недоразбирања извршил насилство врз жена пред угостителски објект во населбата Автокоманда. Тој најпрво започнал грубо да ја навредува, а потоа зел пластична гајба полна со стаклени шишиња и ја удрил по главата. Жената почнала обилно да крвари и зашеметена успеала да повика полиција. Со брза помош била пренесена во болница, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

„Имајќи го предвид начинот на сторување на кривичното дело, а со цел да се заштити жртвата од можноста за ново загрозување на нејзината безбедност, здравје и живот, обвинителството побара на осомничениот да му бидат определени повеќе мерки на претпазливост,“ соопштија од Обвинителството.

Мерките што ги предложи јавниот обвинител се забрана за приближување и воспоставување контакт со оштетената, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница и обврска повремено да се јавува на определено службено лице.