Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Над 20 илјади луѓе евакуирани откако тајфун го поплави кинескиoт остров Хаинан

/

пред 418 дена

Сподели преку :

Силни ветрови и обилни дождови го погодија островот Хаинан во јужна Кина и околните делови од покраината Гуангдонг во неделата, додека тајфунот Каџики се движеше кон централниот брег на Виетнам. Околу 20.000 луѓе беа евакуирани од потенцијално опасни подрачја пред бурата.

„Рибарските бродови се вратија во пристаништето, а повеќе од 21.000 членови на екипажот излегоа на брегот. Тајфуно Каџики се засили движејќи се кон запад над морето со максимални ветрови од 162 километри на час“ соопшти Националниот метеоролошки центар на Кина.

Се очекуваше тајфунот да стигне до брегот на Виетнам. Земјоделците во градот Хуе побрзаа да ги соберат своите оризови посеви пред пристигнувањето на бурата, соопшти официјалната виетнамска новинска агенција.

Крајбрежните провинции забранија испловување на бродови почнувајќи од понеделник и им наложија на оние што веќе се на море да се вратат, јави агенцијата.

Властите, исто така, им порачаа на провинциите и градовите да ги зајакнат насипите, акумулационите езера и системите за наводнување.