Четворица повредени откако четирицикл удрил двајца пешаци на регионалниот пат Меџитлија – Старавина, во близина на Битола, со потешки повреди се здобија двајцата пешаци, ова е од денешниот билтен на МВР, но ако се погледне наназад речиси секојдневно има сообраќајни несреќи предизвикани од се поппуларните четирицикли но и електрични тротинети. Пред само неколку дена две девојчиња загинаа во кичевско, кога во нив удри четирицикл.
За сообраќајниот хаос и сообраќајните несреки, според дел од граѓаните се виновни несовесните возачи, што се зголемува со учеството на алтернативните возила.
Оние кои користат електричен тротинет честопати може да се забележат како возат по тротоарите, ги игнорираат пешаците, не носат заштитна опрема, а честа е сликата како на тротинет се возат повеќе лица.
Овие навики создаваат потенцијално опасни ситуации како за самите возачи на тротинети така и за пешаците велосипедистите и возачите на автомобили. Републичкиот совет за безбедност заедно со МВР организираат едукативна кампања со цел да се зголеми свесноста.
Особено кај помладата популација и до родителите да не им ги даваат електричните тротинети на децата, бидејки сакале да признаеме или не сведоци сме по улиците дека на тротинет се возат двајца возат во спротивен правец со неприлагодена брзина. Се што е забрането и не е во склад со прописите, вели дејан андоновиќ од рсбсп.
Во првата половина од 2025 година биле регистрирани голем број сообраќајни незгоди со електрични тротинети и четирицикли.
Марија Коцева











