Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Да се усвои Стратегијата за рударство пред да се носат новите закони

/

пред 407 дена

Сподели преку :

Пред да се носат нови закони треба да се усвои Стратегијата за рударство на која се работеше две години, смета поранешната пратеничка и граѓанска активистка, Лилјана Поповска.

Таа се плаши дека расчленувањето на законот за минерални суровини во два нови закона, за рударство и за геологија ќе донесе повеќе проблеми и нејаснотии, отколку што ќе помогне. Според неа, вакви чекори ќе направат хаос што ќе резултира со пропусти при заштитата на животната средина.

Поповска појаснува дека европскиот акт е геостратешки документ со кој Европската Унија сака да се заштити да не дојде до недостаток на минерални суровини.

Актот, според Поповска произлегува од тоа што во моментов има војни во повеќе земји во светот, досега 90% од критичните минерали се набавувале од Кина. Практично така унијата се обидува да стекне делумна независност, но, овој документ според многу активисти е проблематичен.

За новите закони кои се наоѓаат на ЕНЕР забелешки имаат и граѓанските организации и рударската асоцијација.

Рокот за поднесување забелешки истекува до крајот на неделата.

Сузана Мицева