Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Потпалувала од фрустрација – 76-годишна жена призна дека подметнала 11 пожари во Франција

/

пред 416 дена

Сподели преку :

Седумдесет и шестгодишна жена од јужниот француски град Кастелмеран призна дека предизвикала 11 пожари во 2022 година од 13 колку што ѝ се ставале на товар, објави денеска францускиот радиодифузер BFMTV.

По апсењето, таа рече дека потпалувала на насипи што граничат со суви полиња. За време на претресот, истражителите пронашле запалки во нејзиното возило, како и потпалки во нејзиниот дом кои одговарале на методот што се користел за овие пожари. Таа вели дека дејствувала од „фрустрација“.

Таа е во притвор и се соочува со затворска казна до 10 години. Судењето е закажано за 3 октомври.