Креативноста на партиите на еден месец пред официјалната кампања почна да добива интернационални размери.
Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, сподели видео порака со поддршка од поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, кој од Сантандер, град на северот на Шпанија, ги уверува чаирчани во квалитетите на Османи.
Кандидатот на Левица, пак, сподели измонтирано видео со исечоци од новинарски прилози, според него, по американски терк.
Кандидатот на „Независни заедно“, кој е декан на Градежен факултет и официјално ја претстави кандидатурата со најава дека ќе се бори со докажана компетенција наместо приправничка амбиција.
Кандидатурата за првата скопска фотеља ја потврди и Александар Рашковиќ, професор по дизајн на Европскиот универзитет, кој ќе настапи како независен кандидат поддржан од партијата ТМРО.
Во објавата на фејсбук, Рашковиќ кој е и моден дизајнер,повика на редизајн на Скопје.
Дел од партиите, пак, се’ уште калкулираат со имињата на кандидатите.
Од ЗНАМ најавија дека во вторник ќе го објават конечниот договор за поддршка со коалиционите партнери ВМРО ДПМНЕ.
Во меѓувреме, преку летни кампови за млади ќе ги анализираат политичките партии како лаборатории за идеи.
Далиборка Демјанска Цветановска











