Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За 30 дена дури 100 забелешки на Законот за рударство

/

пред 404 дена

Сподели преку :

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини најавува дека ќе ги разгледа и ќе ги прифати конструктивните забелешки за новиот Закон за рударство. По еден месец, колку што беше достапен предлог-законот на ЕНЕР, пристигнале над 100 предлози од јавноста. Од министерството велат дека се задоволни од интересот на јавноста за законот, бидејќи целта била процесот да е транспарентен.

„Јавната расправа нѝ овозможи вредни препораки и забелешки за Нацрт-законот. Паралелно започнуваме со следната фаза од усогласување на законскиот предлог. Ги разгледуваме сите доставени предлози и забелешки и ќе организираме работни средби со оние кои се изјасниле за предлог-текстот. Нашата цел е да добиеме усогласено, јасно и спроведливо законско решение кое ќе обезбеди заштита на животната средина, висока безбедност при работа и предвидлива инвестициска рамка“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Граѓанските активисти реагираат дека предлозите за новите закони за рударство и геологија се во корист на рударските компании, бидејќи се забележува олеснување на сите критериуми за добивање или продолжување на концесии.

Министерството, пак, уверува дека финалниот закон ќе обезбеди одржлива експлоатација и преработка на минерални суровини според највисоки стандарди, засилена контрола и транспарентност во сите процеси, задолжителни мерки за рекултивација и заштита на локалните заедници, како и јасна и правично поставена регулатива за сите учесници во секторот.

Сузана Мицева