Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожар на старо одлагалиште во рудникот Суводол – густ чад над Пелагонија

/

пред 419 дена

Сподели преку :

Попладнево избувна пожар на старо одлагалиште во рудникот Суводол во РЕК Битола. Според информациите од битолската противпожарна единица, огнот најверојатно е подметнат, а горат стари транспортни траки поради што густ црн чад се шири низ Пелагонија.

Пламените јазици зафатија и сува трева во непосредна близина на одлагалиштето и се движат кон раселеното село Балдовенци, каде што нема жители. Пожарот е во близина и на селото Парлово, но од РЕК Битола информираат дека засега нема опасност за ова населено место.

Во гаснењето интервенира едно возило и пет пожарникари од ТППЕ Битола, како и две возила и шест пожарникари од противпожарната единица на РЕК. Во акцијата се вклучени и други вработени од комбинатот.

Од РЕК Битола соопштија дека пожарот е ставен под контрола и нема опасност ниту за околните села ниту за рудниците.

Емилија Мисирлиевски