Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нкунку е вториот најскап напаѓач во историјата на Милан

/

пред 400 дена

Сподели преку :

Кристофер Нкунку од денеска е нов фудбалер на Милан. Повремениот француски репрезентативец потпиша петгодишен договор со „росонерите“ откако го комплетираше трансферот од Челси.

Италијанскиот тим ќе плати 37 милиони евра обештетување и плус пет милиони во бонуси. Моментално Нкунку е вториот најскап напаѓач во историјата на Милан по Андре Силва, но ако се реализираат бонусите тој ќе биде и најголемиот трансфер воопшто на тимот од „Сан Сиро“.

Нкуку потекнува од академијата на ПСЖ, а блесна на сцената во дресот на Лајпциг. Следуваше трансфер во Челси вреден 70 милиони евра, но во две сезони не покажа многу во синиот дрес.

Сега ќе ја бара старата форма во таборот на седумкратниот европски првак.