Осумдесет и осумгодишна пензионерка од Велес паднала во замка на измамници, па откако и зеле 2700 евра пријавила во полиција. Истражителите примиле поднесок дека 27.08.2025 година околу 10:00 часот на нејзиниот фиксен телефонски број добила повик од непознато машко лице кое ја известило дека нејзината ќерка наводно имала сообраќајна несреќа во којашто како учесник прегазила четиригодишно дете, и дека доколку сака да ја спаси од долгогодишна затворска казна треба да му даде 50.000 евра.
Откако пензионерката рекла дека нема толку пари, односно дека има околу 2.700 евра добила „инструкции“ од лицето парите да ги донесе во Скопје во близина на Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, што пензионерката и го сторила.
Околу 11:50 часот пензионерката пристигнала во кругот на болница и по насоки на лицето кесата со парите ја оставила во една од кантите за отпадоци, а потоа со автобус се вратила во Велес. Се работи на расчистување на случајот иако ова не е прв случај на ваков вид измами.











