Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведени се две лица под сомнение дека предизвикале пожар во близина на Тиквешко езеро

/

пред 418 дена

Сподели преку :

Приведени се две лица под сомнение дека предизвикале пожар кај месноста Блато во близина на Тиквешко езеро.

Триесет и три годишниот од Бегниште, кавадаречко и 19-годишниот од Кавадарци, се под сомнение  дека предизвикале пожар на сува трева, трња и ниско стеблеста шума кај месноста викана Блато на Тиквешко езеро,  во атарот на село Куманичево, кавадаречко.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгасен со вклучување на авиони од Дирекција за заштита и спасување, возила на  интервентна пожарна бригада при ДЗС и територијална против пожарна единица Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, и се работи на целосно расчистување на случајот.