Презентирани измени на детални урбанистички планови покажаа дека нови згради се планираат во самиот центар на Тетово. Граѓаните реагираат деека во овој град интересот на градежните компании за правање нови згради се става над јавниот интерес за поквалитетен урбан живот. Постојаното правење згради, нема да остави простор за нови паркови и повеќе инфраструктура, реагираат граѓанскаите иницијативи.
На местото од овие дуќани во трговскиот комплекс Ловец веднаш до плоштадот, Општина Тетово со план да има нов затворен трговски центар како и згради со станови. Образложението на градоначалникот е дека тој комплекс е запуштен, па наместо нов начин на одржување вели дека ќе се модернизира со тоа што ќе им се дозволи на приватните градежни компании да направат нови објекти за трговија и за станбено домување.
„Знаеме дека тоа се приватни дуќани, приватна сопственост. Таму општината и владата не може многу да интервенира, затоа ние даваме развој за да приватниот капитал во најстрогиот центар на градот да може да инвестира и да го врати изгледот и убавината, а тоа мора да биде во склоп со интересите на приватните инвеститори“ изјави Биљал Касами, градоначалник на Тетово.
Ваквата намерата уште повеќе ќе го бетонизира градот и негативно ќе влијае на здравиот и урбан живот бидејќи тоа се прави во самиот центар, па ќе го оптовари сообраќајот, водоводот и другите системи, алармираат од граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“.
Тие образложуваат дека локалната власт постојано дозволува насекаде да има нови згради, но на тој начин не нуди поквалитетно урбано живеење, туку дозволува приватниот интерес на градежните инвеститори да биде над јавниот интерес односно граѓаните.
„Законот за урбанистичко планирање ни гарантираа дека урбанизмот е дејност од јавен интерес. Тоа е се, само не дејност од јавен интерес во Тетово. Безброј примери за една година, за 365 дена, веројатно имаме двојно повеќе примери зошто урбанизмот во Тетово е дејност од приватен интерес и тоа веќе не се крие. Некој си остварува, огромен капитал, а сите губиме многу и губиме простор којшто не може никако да го надокнадиме“ изјави Даријан Сотировски од „Тетово сака парк“.
Општина Тетово освен првиот детален урбанистички план за Тетово за посочената локација Ловец предвидува измени и за уште три блокови во насока кон стадионот.
Александар Самарџиев











