Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Во сред бел ден убиен екс спикерот на украинското собрание

/

пред 412 дена

Сподели преку :

Поранешниот претседател на украинскиот парламент Андриј Парубиј е застрелан во западниот град Лвов, соопштија официјални лица. Непроверени снимки од наводното пукање кои се споделуваат на интернет прикажуваат вооружен човек кој е облечен како курир.

Тој му се приближува на Парубиј на улицата одзади, го застрелува и бега во спротивна насока.Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша нападот како „страшно убиство“ и изрази сочувство до семејството на Парубиј.

Парубиј стекна популарност за време на масовните протести на Евромајдан во Украина, кои се залагаа за поблиски врски со ЕУ и го соборија прорускиот поранешен претседател Виктор Јанукович во 2014 година.