Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Урсула фон дер Лајен ја посети фабриката за дронови во Рига

/

пред 412 дена

Сподели преку :

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја започна својата посета на балтичките земји, а успеа и да ја посети фабриката за дронови на „Ориџин Роботикс“ во Рига.

Со својата посета, фон дер Лајен ја нагласи поддршката за земјите од ЕУ близу до границата меѓу Русија и Република Белорусија. Денес во Естонија, претседателката на Европската комисија изјави дека е потребно заострувањето на санкциите против руската флота и зајакнувањето на одбраната на Украина како клучни мерки. 

„Ќе продолжиме да обезбедуваме витална, политичка, економска и воена поддршка на нашиот храбар сосед. Ги заоструваме санкциите против Русија, особено врз флотата во сенка“ изјави фон дер Лајен на заедничка прес-конференција со премиерката на Естонија, Кристен Михал.

Европските министри за одбрана во петокот ветија дека ќе ја зголемат поддршката за Украина и ќе го зголемат притисокот врз Русија, еден ден откако во рускиот воздушен напад врз Киев загинаа 23 лица, а европски дипломатски комплекс беше сериозно оштетен.